Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Киш со сланина и млад кромид

Тесто

  • 1,5 шолја брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 пакување путер, исечен на парчиња
  • 1 големо јајце + 1 жолчка
  • 3 лажички вода со мраз

Фил

  • 6 големи јајца
  • 1,5 шолја павлака за готвење
  • 1,5 шолја високо масно млеко
  • 1,5 лажичка сол
  • ½ лажичка црн бибер

Додатоци

  • 3 ситно сецкани стракови од млад кромид
  • 4 парчиња готвена сланина, ситно сецкана

Чекор 1

Подготовка на тестото: Измешајте ги во длабок сад брашното и солта. Додајте го путерот и мешајте со миксер додека не се добие компактна смеса. Иматете ја жолчката и јајцето со ледената вода. Додајте го тоа во смесата од брашно и мешајте дури не се добие тесто. Префрелте го тестото во калап и со прсти офоремете го во форма на диск. Ставете го во фрижидер барем 30 минути, ако времето ви дозволува и до 4 часа е препорачливо.

Чекор 2

Кога ќе се олади оставете го на собна температура за да може да се исучи на тврда подлога, сучете додека не добиете тенко тесто. Поставете го во сад за печење број 22, со прсти истегнете по страни тесто и оформете по желба.

Чекор 3

Обвиткајте го садот со пластична кеса и вратете во фрижидер најмалку 30 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 250 степени.

Чекор 4

Ставете го тестото во веќе загреана рерна околу 20 минути додека да добие златеста боја. Оставете да се олади.

Чекор 5

Намалете ја температурата на рерната на 200 степени. Изматете ги јајцата и искомбинирајте ги со сите преостанати состојки додека да се добие компакна смеса која треба рамномерно да ја распоредите на изладеното тесто.

Чекор 6

На врв ставете рамномерно од ситно сецканиот кромид и сланина. Печете околу 10 минути на 200 степени, по тоа намалете на 180 степени околу саат време. Оставете убаво да се олади пред да послужите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement