Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Три нови вежби за рамен стомак

Знаете дека некои вежби за зајакнување на стомачните мускули како и мускулите на бутовите и заедникот не се целосно прилагодени според структурата на женското тело. Познатите “ножички” кои се изведуваат во лежечка положба со нозете подигнати во вис, ги скратуваат мускулите и го оптоваруваат грбот. Наместо таквите вежби од кои понекогаш ве боли грбот, пробајте три нови вежби за рамен стомак и цврсти бутови.

1. Спуштете се на подот на колена, седнете на петите, а рацете поставете ги позади главата. Малку раширете ги бутовите, замислете дека на главата носите сад со вода и лесно исправувајте го грбот, вовлечете го стомакот и подигнете се додека целосно не се потпрете на колената. Останете во таа положба неколку секунди, а потоа полека спуштете се на петите. Повторете десет пати.

2. Лежете со лицето свртено на подот, поставете ги рацете на ниво на рамењата, нозете исправете ги и потпрете се на врвовите на прстите на нозете. Лесно подигнете се нагоре така што вратот, половината и нозете бидат во иста рамнина, а брадата лесно испакната. Вовлечете го стомакот, затегнете ги мускулите на нозете и вовлечете ја малку брадата. Останете во таа положба неколку секунди и целата вежба повторете ја уште девет пати.

3. Легнете на грб, ставете ги рацете зад главата, нозете исправете ги целосно, прекршете ги стапалата и врвовите на прстите насочете ги кон лицето. Затегнете ги мускулите на бутовите и стомакот како да се обидувате да ги раздвоите стапалата, а нозете нека ви останат прекршени. Повторете 20 пати.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement