Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Карфиол во рерна

Состојки

200 гр. кајмак

300 мл. павлака за готвење за готвење

1/2 кг. компири варени

200 гр. кашкавал

3 јајца

1 карфиол

сол, вегета, оригано, бибер, мушкатно оревче, босилек… по желба

Упатство

Искинете го карфиолот на цветови и обарете го во посолена вода.

Во намастена тава распоредете половина од карфиолот. Исечете го со нож на парчиња и прилагодете го на дното на тавата. Над него премачкајте со кајмакот.

Компирите исечете ги на плочки и скалесто наредете ги, па над нив изрендајте половина од кашкавалот. Ако го имате во листови, така наредете. Ставете го останатиот карфиол.

Изматете ги јајцата со неутралната павлака, посолете и зачинете. Со тој прелив прелијте во тавата.

Печете на 200 степени околу 15 минути. Извадете ја тавата од рерна и распоредете ја останатата половина од кашкавалот. Вратете во рерна додека убаво не се растопи.

На здравје!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement