Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Разговарајте со бебето, ќе биде поинтелигентно

Ако родителите редовно им се обраќаат на нивните малечки, според истражувањата, тоа поволно влијае на нивниот ментален, но и физички развој.

Студијата покажала дека родителите треба да им зборуваат на децата така што ќе ги поврзуваат зборовите со значењето и ситуацијата. Кога ќе покажат „ова е портокал, а ова е чинија“, треба покасно портокалот да го стават во чинијата за детето да го сфати контекстот на приказната и така ја развива интелигенцијата уште во најрана возраст.

– Родителите ја создаваат интелигенцијата на детето преку говорот – кажува професорката по психологија Ени Ферналд од Университетото Станфорд.

Според нејзините зборови, на бебињата нетреба да им се зборува „бебешки” и со скратеници туку е подобро да се изговараат сложени реченици какви што се користат и во конверзација со возрасни.

Истражувањето е претставено на средбата на експерти при американското здружение за унапредување на науката. На состанокот експертите ја разгледувале и предноста на прешколското образование.

Тие препорачуваат предшколското образование да почнува од три наместо, како досега, од четири годишна возраст.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement