Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Вкусни домашни колачиња

Состојки:

325 г брашно

230 г путер (омекнат на собна температура)

150 мл слатка павлака

2 лажици шеќер

прстофат сол

средна тегла џем

шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во голем сад со електричен миксер изматете ја слатката павлака со парченцата путер. Додадете шеќер и сол. Откако добро ќе се соединат ставете го брашното. Миксирајте неколку минути.

Тестото не треба да биде премногу меко. Треба да изгледа нешто слично како на сликава. Со прсти вдлабнете за да проверите во каква состојба е. Ако е меко додадете малку брашно.

Исукајте го тестото со дебелина од пола милиметар. Со ноже направете идентични правоаголници. На секое ставете по една лажичка џем. Јас користам од јагоди вие можете по избор.

Правоаголниците преклопете ги во форма на отворени писма. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 175 степени. Откако сите ќе бидат готови наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете 12 минути додека колачињата не добијат златно кафена боја. Нека се оладат неколку минути потоа наросете ги со шеќер во прав и дегустирајте.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement