Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Дали е нормално бебето да ползи наназад?

Ползењето е дел од вообичаениот тек во развојот на детето во првата година од животот. Меѓутоа, тоа може да изостане или пак да изгледа многу чудно. Некои бебиња ползат така што се буткаат додека седат на пелената, а некои дури и наназад. Дали е тоа проблем?

Тоа е сосема во ред. Кога детето почнува да ползи, а тоа е вообичаено на возраст од 6 до 10 месеци, тоа одбира енергетски најефикасен начин за движење, вклучувајки го тука и позлењето наназад. Доколку детето на оваа возраст е посилно во горниот дел од телото, најверојатно најмногу ќе се потпира на рацете. Тоа не значи дека заостанува во развојот, станува збор за минлива фаза. Единствено што нему му е важно е да се движи во посакуваниот правец и да стигне до предметот кој сака да го дофати. Кога нозете доволно ќе му зајакнат, најверојатно ќе почне да ползи нанапред.

Помогнете му на детето со играчка

На некои дечиња понекогаш им треба и малку помош. Во тој случај родителите треба да ја стават неговата омилена играчка далеку пред него. Тоа можеби ќе биде малку фрустрирачки за него, но дајте му малку време за да ја досегне играчката без ваша помош. Тоа ќе ги зајакне мускулите кои му се потреби за да почне да се движи нанапред. Лекарите велат дека сосема е во ред ако детето воопшто не ползи нанапред или пак ако целосно ја прескокне оваа фаза. Она што е најважно е детето да научи да оди.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement