Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Жените ќе им ги повторуваат на своите деца фразите што ги научиле од нивните мајки

Повеќето мајки ги повторуваат фразите коишто ги слушнале во текот на детството од своите мајки, иако кога биле млади велеле дека никогаш нема да го прават тоа – открило истражувањето на страницата Mothercare.

Најчестите реченици коишто се наследуваат се: „Бидејќи јас реков така“, „почекај уште малку па ќе видиш“, „зошто ме прашуваш мене, прашај го татко ти“, „не седи блиску до телевизорот ќе си ги расипеш очите“, „затвори ја вратата не си роден/а на брод“ и „од кафето ќе ти порасне опашка“.

Околу 40% од мајките повторувањето на фразите го доживуваат низ смеа, но две третини од нив признале дека често пати застануваат сред реченица сфаќајќи што прават. Поголемиот број од нив воедно и се плашат што се претвораат во своите мајки. Сепак, жените коишто ги користат овие реченици сметаат дека истите се корисни бидејќи ги дисциплинираат жените.

„Во идеален свет родителите би имале време и сè би им објаснувале детално на децата, но во реалноста ги користат фразите коишто имаат исто влијание како и објаснувањето. Нормално е што родителите ни се инспирација, бидејќи од нив сме научиле што е воспитување“ – изјавила портпаролката на Mothercare, Кристина Мекдермот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement