Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Научи да ја сакаш здравата храна!

Замислете колку би било полесно здраво да се храните кога, на пример, наместо чоколадо би ви се јадело спанаќ? Стручњаците велат дека возможно да го „истренирате“ мозокот и на тој начин навистина да ја засакате здравата храна!

Но сепак, тоа нема да може да постигнете преку ноќ …

Истражувањето на американски стручњаци од универзитетот „Тафс“ од Бостон покажало дека доколку во период од шест месеци конзумирате здрава храна, мозокот ќе почне послабо да реагира на слики од висококалорични намирници. Тоа значи дека после половина година внесување здрава храна, нема толку да ви се јаде плескавици, помфрит, грицки…

За потребите на студијата, формирана е контролна група од пет волонтери, кои не ги менувале своите навики во исхранаа, а осум учесници се придржувале кон строг режим на исхрана – јаделе само намирници кои содржат доста хранливи влакна, а малку масти.

Авторите на студијата ги скенирале мозоците на учесниците во истражувањето и тврдат дека после шест месеци здрава исхрана, мозокот не реагира на висококалоричните намирници. Со други зборови, овие учесници не чувствувале потреба за внесување нездрава храна во организмот, бидејќи мозокот реагирал на здравата храна

Стручњаците нагласуваат дека студијата е мала за да можат да дадат конечен заклучок, но дека ги охрабрува фактот што мозокот не е целосно немоќен кога станува збор за брзата храна и висококалоричните намирници.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement