Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Четири трикови за совршени трепки

За да го направат трепките вашиот поглед совршен, потребно е да следите неколку едноставни трикови.

Не постои жена која не сака со помош на маскарата да го постигне совршениот изглед на извиткани, долги, густи трепки.

Постојат неколку трикови кои треба да ги направите пред да ја нанесете маскарата, а слоевитото нанесување е еден од предусловите за неодоливви трепки.

 

Следете ги овие четири едноставни чекори

 

Виткање

Пред нанесување на маскарата, завиткајте ги трепките. За да добиете најдобар ефект, виткајте ги трепките прво кај коренот, потоа на средината и на крај врвовите на трепките. На секој дел од трепката држете го виткачот стиснат осум секунди.

 

Избор на маскара

Пронајдете маскара која ги витка трепките- таа со голема густа жетка, за да постигнете максимален волумен. Нанесете еден или два слоја маскара од коренот спрема врвовите.

 

Бебешка пудра

Ставете малку пудра на дланката и истркалајте го стапчето за уво во нејзе. Со помош на стапчето нанесете обилен слој од пудрата на горните и долните трепки, така што ќе изгледаат како да се посеани со пепел.

 

Завршен слој

На самиот крај повторно нанесете маскара од коренот до врвовите во малку подебел слој. Не заборавајте да нанесете и на долните трепки.

 

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement