Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Вкусен колач со мак и вишни

Подготовка:

Во добро изматен маргарин со шеќер, додадете едно по едно јајце. Брашното помешајте го со прашок за пециво и додадете го во смесата.

Одвоете една третина од смесата и во неа додадете мак, млеко, рум и цимет. Калапот за торта премачкајте го со масло и посипете брашно. Прво истурете ја жолтата смеса, а потоа и смесата со мак. Исчистените вишни додадете ги во смесата.

Печете во рерна на 180 степени, околу еден саат (доколку потемни колачот, покријте го со фолија). На оладениот колач посипете рендано чоколадо и шеќер во прав.

Состојки:

  • 200гр маргарин
  • 200гр шеќер
  • 5 јајца
  • 200гр брашно
  • Пола кесичка прашак за пециво
  • 150гр мак
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици рум
  • 2 лажички цимет
  • 200гр вишни или цреши
  • Рендано чоколадо и шеќер во прав
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement