Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Носите очила? Еве како треба да се нашминкате

Доколку сте приморани да носите очила со диоптер, тоа не значи дека треба да се откажете од шминкањето… доволно е само да се придржувате до одредени правила…

Правилно нанесената шминка може да ги истакне очите!!!

Бојата на сенката треба да биде во согласност со бојата на рамките на очилата, како и со бојата на очите и никогаш не смее да шминката да излегува од границите на очилата затоа што така се добива смешен „панда“ изглед.

Преку ден капаците на очите секогаш нека бидат нагласени со посветла сенка, и на тој начин дневната светлината  ќе ги направи Вашите очи попривлечни.

Доколку сте кратко види, Вашите очи под очилата изгледаат помали. Затоа потребно е да користите маскара. Нанесете ја маскарата на трепките во повеќе слоеви и на тој начин трепките ќе станат погусти и подолги ( пазете да не се создадат грутчиња). Потрудете се и линијата која ја повлекувате со алајнерот да биде што понагласена.

Позитивната страна на очилата со диоптер за далекувидите личности е фактот што тој диоптер ги зголемува очите., но истовремено ги истакнува сите неправилности при шминкањето. Затоа потребно е да бидете внимателни , сите потези со алајнерот,  моливчето  да бидат совршено прецизни. Внимателно нанесете ја маскарата, за да трепките останат раздвоени и избегнувајте светликави сенки со примеси на седеф.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement