Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Вежбајте како Шакира: Личниот тренер на латино дивата ги открива тајните на нејзиниот добар изглед

Шакира, без сомнежи е една од најзгодните поп ѕвезди на денешницата. Покрај тоа што е окупирана со работа на новиот албум и останатите деловни обврски, таа е и мајка, но сепак посветува многу време и на физичката активност. Нејзината совршена линија и затегнато тело го докажуваат тоа.

Пеачката го ангажираше личниот тренер Ана Кајзер, фитнес инструкторка од Њујорк, која ѝ помогна да се врати во топ форма по пораѓањето.

“Да се истрае во вежбите е најголем предизвик на секоја жена”, вели Кајзер. “Шакира работи многу напорно. Со што и да се занимава, таа секогаш дава сè од себе.”

Во интервјуто за магазинот “Shape”, Ана Кајзер ги откри тајните кои ѝ помогнаа на Шакира да ја врати својата витка линија.

Дневна рутина

“Почнавме со два тренинзи од по 30 минути. Еден наутро и еден навечер. Метаболизмот работи побрзо во втората половина на денот. По шест неделни, должината на едниот тренинг се зголеми за цел час”.

Видови на физички вежби

“Тоа зависи од местото каде се наоѓа во моментот. Таа сака да ги комбинира вежбите и да се занимава со спорт како тенис и сквош. Еден тренинг може да се сосстои од микс на балет и класични вежби, од комбинација на кик-бокс или пилатес”.

Диета

“Во латиноамериканската кујна преовладува храна со висок гликемичен индекс и оброци со големи количини месо. Препорачувам помали оброци во текот на денот. Еден оброк би требало да има 200-300 калории, а во текот на денот треба да има 5-6 оброци. Овие оброци ќе ви помогнат да го подигнете нивото на енергија ако вашиот животен стил е таков што не ви остава многу време за спиење и одмарање”.

Менито на Шакира

“Еден од оброците може да содржи варено пилешко во големина на една рака, зелени салати испрскани со сок од лимон, моркови, краставици, домат и целер. Друга опција е шолја и половина семиња киноа (растение од Јужна Америка) и мешан зеленчук. За ужинка може супа од зеленчук во која се ставаат семки од тиква и маслиново или ленено масло. Шакира обожава портокали и бадеми”.

Како да се вратите во форма по бременоста

“Многу е важно да почнете со лесни тренинзи и полека да го зголемувате нивниот интензитет. Почнете така што ќе дишете со помош на дијафрагмата. Така повторно ќе ги разработите стомачните мускули. Кардио вежбите би требало да се лесни на почетокот. Постепено зголемувајте го интензитетот. Интервалниот тренинг е одличен начин да споите кратки вежби на телото и кардио вежби. Дури може и да вежбате јога во паузите помеѓу интервалниот тренинг”.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement