Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како против сувата кожа на рацете

Пристигна пролетта. Ги извадивме ракавиците, а испуканите заноктици и сувата кожа на рацете излегоа на виделина. Што треба да правиме?

 

За почеток пијте повеќе течности, но не газирани и купечки сокови, туку цедени сокови од овошје или зеленчук, чаеви, вода.

 

Потоа, мудро изберете го сапунот. Тоа што ви е кожата на рацете сува, не значи дека треба поретко да ги миете, туку да внимавате со што ги миете.

 

Се препорачуваат бели сапуни, поблаги и помасни или некој од оние кои во себе содржат различни масла. Доколку користите течен сапун, исплакнете го добро.

 

Немојте да се вадите на домашните обврски – кога ги миете садовите, користете гумени ракавици.

 

Ако не сте знаеле, мешањето на квасно тесто е добра терапија за суви, испукани раце. Комбинацијата од брашно, вода, маст и квасец е всушност своевидна маска за кожата на рацете.

 

И маслото е добро. Загрејте маслиново масло до температура која вам ви одговара. Ставете го во некој сад, каде што можете да ги потопите дланките. Држете ги така неколку минути. Измијте ги со млака вода и благ сапун.

 

Наместо да ги сечете, обликувајте ги ноктите со картонска турпија. Помека е од металната, која го уништува кератинот.

 

Обликувајте ги ноктите, следејќи го обликот на прстот во една насока. Избегнувајте агресивни движења во двете насоки.

 

Дури и кога не содржат ацетон, средствата за отстранување на лакот, ги сушат ноктите и заноктиците. Поради тоа, по отстранување на лакот, добро измијте ги рацете.

 

Масажата на дланките ја поттикнува циркулацијата и го покренува производството на кератин во келиите. При тоа користете хидратантна крема или масло.

 

Лакирајте ги ноктите со лакови кои содржат силициум, дури и кога користите проѕирен лак. Барем еднаш во седум дена, одете на спиење со ракавици. Претходно намачкајте ги рацете со крема која вам ви одговара, а потоа ставете лесни, памучни ракавици.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement