Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Девиците се одлични, а два Овни катастрофа

Во љубовта собро функционираат истите припадници на земјените знакови, а најлошо оние огнените. Врската на водените знаци можат да функционираат, но со полно трпние и прилагодување.

Два Овна – премногу темперамент

Веќе на првата средба Овните ќе приметат голема хемија. Но таа голема страст набрзо ќе “им се одбие од глава”. Најголемиот проблем ќе им створи пресличниот темперамент, па кавгите и конфликтите ќе бидат неизбежни. Сепак, на почетокот на врската двајцата ќе се трудат, но на крај нема да биде ни одблизу убав како демек почеток.

Биковите се компатибилни партнери

Припадниците на овој практичен и рационален знак се добар спој кој се однесува на стабилноста. Сличните ставови и цели се добар темел за долготрајна врска, а евентуалните кавги ќе избијат поради финансиите. Проблемите би можеле да настанат по обостраната пасивност за врската да ја подигнат на повисоко ниво.

Близнаците се партнери во авантура

Флертот помежу два Близнаци секако има своја магија. На нив дефинитивно нема да им биде досадно, а креативноста ќе се одрази и во креветот и вон него. Сепак, долгорочно се многу нестабилни и им е потребен партнер кој ќе ги приземји.

Два Рака да, но со големо искуство

Парот од два Рака може да биде перспективен, но со важен совет да двајцата имаат поминато љубовен бродолом и од него да извлечат поука. Двајцата мораат да знаат да ја ценат партнеровата емотивност и да не му замеруваат на слабостите за да би можеле да успеат, а би требало и да се воздржат и од константното анализирање на односот.

Лавовие се борат за превласт

Односот измеѓу два огнени припадници на овој знак најчесто е нестабилен, бидејќи нивната слична природа неизбежно води кон конфликт. Како двајцата тежнеат за доминација, во нивната врска борбата за превласт ќе биде константна, а нема да недостасуваат и грди зборови. Сепак, стравственото помирување секогаш ќе им се враќа обострано. Но колку и да се трудат, рамноправноста ќе биде тешко да ја постигнат.

Девиците се одличен пар

За припадниците на овој знак слободно може да се каже дека се како направени еден за друг. Двајцата имаат големо очекување од партнерот, а во меѓусебниот спој се свесни за тоа. Ќе си даваат поддршка еден за друг, а уште подобро е ако бидат пријатели пред да почнат љубовна врска.

Вагите меѓусебно си премолчуваат

Припадниците на овој знак како пар можат да функционираат, но во тоа ќе морат да вложат и многу енергија. Иако двајцата тежат кон хармонија во односите, поради тоа ќе избегнуваат конфликти, а баш поради тоа на себе си трупаат фрустрации. Штом се појават првите проблеми, натрупаните фрустрации ќе еруптираат.

Шкорпиите мораат да ја надминат почетната криза

Страствените припадници на овој знак уште на почетокот на љњубовната врска ќе имаат проблеми и несогласување. Нивниот однос на почетокот ќе биде набиен со замерки и помирувања на константни осцилации. Ако успеат во совладување на таа криза и најдат заеднички јазик, можат заедно да функционираат.

Стрелците ќе согледаат дека не си одговараат

Двајца припадници на овој знак тешко воопшто и да дојдат до ситуација која би можела да вплоди со љубовна врска. Во самиот почеток нивниот натпреварувачки дух ќе им оневозможи поврзување, но ако до тоа дојде, двајцата ќе осетат страв од губење на слободата. За среќа, ќе бидат искрени меѓу себе и без замерки ќе си признаат.

Јарците се добар љубовен спој

Во меѓусебната комбинација се како направени еден за стабилна и долготрајна љубовна врска. Добро знаат што сакаат во животот и во односот, а ако постои љубов тоа двајцата ќе го ценат. Покрај тоа, ќе си даваат поддршка во кариерата, а својот однос ќе се гради полека и сигурно.

За Водолиите подобро е да се пријатели

Иако припадниците на овој знак можат да бидат одлични пријатели, потпората и друштвото во тешки моменти, во врската ќе бидат премногу егоистични. Во почетните фази на односот ќе им биде забавно, но набрзо веќе ќе им недостига подлабок емоционален ангажман и тие ќе останат површни.

Рибите имаат 50 % шанси за успех и неуспех

Однадвор се чини дека две Риби се идеален спој, но за таков завршеток ќе навива и нивната околина. Проблемот ќе биде ако двата партнера по карактер се инертни и големите планови можат тешко да ги остварат. Тогаш може да се појави замерување и мачни ситуации. Сепак, ако во врската една страна е “двигател”, тогаш може да успеат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Лице

Пудрите за лице кои претежно дамите ги користат имаат цели палети на нијанси и намени за различни видови на кожа. Но, сега пристигна најновиот...

____баланс новости и трендови

Потењето во некои случаеви претставува нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но...

____лајфстајл features

Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.   Таа е во сопственост на Венеса...

____celebrity

Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс...

Advertisement