Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Еве зошто вашата кујна е постојано полна со валкани садови

Речиси секој ден ви се случува кујната на крајот од денот да изледа, благо речено страшно, со валкани садови што се разлеваат над мијалникот?

Не знаете што правите погрешно, но секоја вечер кујната ви изгледа како бојно поле. Можеби едноставно користите премногу садови, кои потоа завршуваат во мијалникот чекајќи да поминат неколку часа за да се измијат, пишува apartmenttherapy.com. Ставете точка со овие неколку ефективни трикови.

 455490-1

Можеби изгледа малку радикално, но повеќето ќе се согласат на тоа дека ако имате помалку садови, тогаш ќе користите и помал број на садови. Можеби конечно е време да ги средите вашите кујнски ормарчиња?

Малите садови мијте ги веднаш по користењето. Секако, тоа не значи дека целосно може да се ослободите од купиштата садови по оброкот, но купот сигурно ќе се намали драстично. Исто така, садовите полесно ќе ги исчистите веднаш по користењето. На пример, грутки или остатоци од брашно може лесно да се отстранат веднаш по користењето, но ако постојат некое време во мијалникот, ќе ви треба силно триење.

Побарајте рецепти за оброци кои можат да се подготват во еден сад. Ако мислите дека тоа е тешко, се лажете – постојат голем број на едноставни јадења, како варива, супи, ориз, кус-кус или разни салати. Пронајдете ги и подгответе ги тие рецепти, и секако испробајте ги, а освен во здрав оброк, ќе уживате и во празен мијалник.

На масата поставете го само потребниот прибор за јадење. Можеби масата нема да делува свечено, но бидете искрени – зарем навистина сакате после ручекот да ги миете сите оние садови откако сите ќе си отидат? Ако за вечера повикате долгогодишни пријатели или семејството, никој нема да ви замери за тоа, а најверојатно нема ни да примети, а вие ќе си го скусите времето за стоење над мијалникот.

Секој член од семејството нека има свое место каде што ќе ја чува својата чаша. Ова е совет број еден во намалување на куповите од валкани садови. Наместо после секое користење, секој член од семејсвото да ја стави чашата во мијалникот, договорете се секој да земе една чаша, да ја чува на одредено место и да ја користи истиот ден, и дури навечер да ја стави во мијалникот. Можеби не изгледа важно, но ќе се изненадите колку ова ќе го намали купот на валкани садови за вечерта.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Лице

Пудрите за лице кои претежно дамите ги користат имаат цели палети на нијанси и намени за различни видови на кожа. Но, сега пристигна најновиот...

____баланс новости и трендови

Потењето во некои случаеви претставува нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но...

____лајфстајл features

Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.   Таа е во сопственост на Венеса...

____celebrity

Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс...

Advertisement