Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____лајфстајл features

Вратете се во детството: Хоби не е само за деца

Искористете го животот и денот – пронајдете хоби кое ќе ви ја топли душата и ќе ве направи по уникатни.

Кога сме деца хоби е нормална работа. Но како што растеме сите претходни хобија се некако на страна и се помалку ги спомнуваме сите тие мали активности како собирање салфети, шеќерчиња од кафичи, пластични чаши…

Ретки се тие што се уште си ја дозволуваат таа радост во живтот. Тие луѓе кои продолжуваат со хобија од детство лесно може да се препознаат, се уште го имаат оној детски сјај во очите кои ги издвојува од „старите“.

Годините не смееат да ви бидат пречка. Потсетете се на работите кои ве правеле весели и вратете се на почетоците!

Зошто е битно да го вратите хобито во вашиот живот?

Доколу се бавите со некое хоби значи дека го правите тоа што го сакате, а не она што ни се наметнува. Кога практикуваме хоби бар саат време неделно тоа значи дека одвојуваме саат време за нас! Хобито не карактеризира, не одвојува од масата и ни помага да се запознаеме себеси.

Еве неколку предлози кои може да ви бидат радост, без разлика на годините!

Собирање на стари книги

Ги има сегде! На секој агол ги продаваат луѓе за ефтино. Некои може да ги најдете и за 50 денари. Тие стари книги покрај единствената содржина, обавезно носат по некој спомен и за луѓето кои им биле сопственици. Не е ретко да имаат посвета, годината кога се купени, на кое место, некоја заборавена хратија со нечие име или пасус, стих посветен на некој… Сето тоа отвара фантазија, кои биле, која е нивната сторија…

Сликање

Не мора да имате талент, само да го сакате тоа. Од љубов ќе направите неверојатни дела кои може да бидат на хартија, дрво, стара хартија, кутија, орман или на ѕид.. Тие дела може да ги поклоните на драгите личности кои може и бидат инспирација за тоа. Тоа ќе ви ја топли душата а како поклон ќе бидат со непроценлива вредност.

Свирење на гитара или друг инструмент

Познато е дека луѓето што свират на некој инструмент привлекуваат весело друштво. Бидете еден од нив! Купете стара или бар позајмете некоја акустична гитара. На интернет ќе најдете детални часеви по гитара за почетници. Доволно е неделно да свирите една песна, а за викенд да отсвирите од наученото пред блиските. Пробајте! Пејте, свирете, васелете се…

Спорт

Спортот може да биде хоби. Бавете се со јавање, шетање, планинарење, трчање… Возење велосипед покрај река, запознајте ја околината… Одберете било што, тоа е весело и здраво живеење!

Фотографирање

Фотографијата од секогаш се ценела. Завршете мал курс по фотографија, набавете дигитален апарат и покажете како вие гледате на светот околу себе. Наш предлог е да го фотографирате вашето маало, улица, луѓе, миленици, деца во игра, градба на куќи или некој комшиски проект и можете да подготвите и мини изложба еден убав пролетен ден… Гарантираме дека комшиите ќе ве доживеат во ново светло.

Пчеларство или градинарство

Тоа се доста корисни хобија. Посадете нешто со свои раце, видете како од ден на ден ќе расте и на крај ќе го вкусите својот труд. Пробајте! Самото тоа што ќе бидете во природа и ја средувате околината ќе ве направи среќни.

Јазици

Стара изрека е онаа „Богат си толку, колку што јазици знаеш!“ Научете што повеќе странски јазици.

Нека приоритет број еден ви биде состојбата на вашата душа! Нахранете ја! И не заборавајте да ги прашате пријателите кое е нивното хоби?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Лице

Пудрите за лице кои претежно дамите ги користат имаат цели палети на нијанси и намени за различни видови на кожа. Но, сега пристигна најновиот...

____баланс новости и трендови

Потењето во некои случаеви претставува нормален имунолошки одговор на инфекција кога телото ја зголемува температурата обидувајќи се да ги убие бактериите или вирусите. Но...

____лајфстајл features

Кафеавата чивава Мирикл Мили од Порторико е најмалото куче на светот со висина само од 9,65 сантиметри.   Таа е во сопственост на Венеса...

____celebrity

Изгледа и Џастин Бибер сака да биде бунтовник без причина, па на својата насловна на Facebook објави фотографија на која позира како легендарниот Џејмс...

Advertisement