За вашата коса да биде негувана и убава, морате за неа да водите сметка и да ја миете барем 2 пати во неделата. Меѓутоа, не е доволно само да ја шампонирате, да ја исплакнете и да ја исушите, туку морате да знаете уште неколку трикови. Многу жени не се запознаени со тие и често грешат, што во голема мера и штети на вашата коса. Доколку вашата фризура ви е мила, еве неколку од грешките.
Секогаш ист шампон – Ако користите секогаш ист шампон вашата коса ќе стане презаситена од состојките кои ги содржи, што доаѓа до различни проблеми – првут, сушење на кожата на темето, чешање или едноставно неефикасност на шампонот. Пожелно е на секои 3-4 месеци да го менувате шампонот, но секој нов шампон да содржи различни состојки од претходниот. Исто така, се препорачува еднаш во 2 месеци да се користи шампон за длабинско миење на косата.
Погрешно масирање – Експертите секогаш обраќаат внимание дека е потребно во текот на миење на косата да ја масирате кожата и така да ја подобрите циркулацијата. Сепак и тука постои оптиматум. Бидете нежни, немојте премногу да ја притискате кожата. Косата кога е мокра е послаба и по склона на пукање, а ако триете грубо постојат шанси да ја искубете. Исто така, немојте да ги триете краевите на косата на темето. Најдобра техника е да ги ставите прстите директно до темето и да триете помали делови, да пазите да не ја измрсите косата.
Шампонирање на полумокра коса – Да ја добиете потребната сапуница за миење на косата неопходно е косата да биде мокра. Без доволна влага, шампонот нема да пени и вашето миење ќе биде половично, а шампонот поагресивен.
Шампонирање секогаш на исто место – Ако секој пат почнувате со нанесување шампон на темето, по некое време приметувате дека на тој дел од косата почнува да ја менува структурата – постанува исушена или премрсна. Тоа е затоа што премногу ја третирате со шампон, односно го нанесувате секогаш на истото место. Променете ја рутината и почнете со шампонирање од деловите над образите или од вратот.
Плакнење со врела вода – Врелата вода додатно ја суши косата која е третирана со состојките од шампонот. Затоа секогаш намалете ја температурата на водата кога ја плакнете од шампонот – најдобро е водата да биде млака додека ја плакнете, а пред самиот крај плакнете ја дури и со ладна вода.
Чешлање и триење на косата со пешкир – Никако немојте ниту едното ниту другото да го правите. Како што споменавме, влажната коса е слаба, затоа избегнувајте да ја расчешлувате или да ја триете со пешкир како би ја собрале влагата. Најдобра варијанта е да ја исцедите и да ја замотате во пешкир, да ја оставите пешкирот да ја извлече целата влажност. Откако косата е скоро сува, можете да ја расчешлувате.




You must be logged in to post a comment Login