Состојки за тесто:
- 300 грама брашно
- 150 грама путер
- 100 грама шеќер
- 2 лажички кисела павлака
- 1 јајце
- 1 лажичка пециво
Состојки за фил:
- 5 – 6 јаболка
- 2 – 3 кафен шеќер
- 1 лажичка цимет
- 100 грама печени бадеми, грубо сецкани
Чекор 1
За припремање на тестото измешајте го брашното и пецивото, па со раце измесете го путерот. Додајте ги шеќерот, јајцето и павлаката. Со раце месете го тестото, додека путерот не се истопи од топлината на рацете а тестото стане лепливо.
Чекор 2
По потреба додавајте малку брашно. Измесеното тесто ставете го во длабок сад и оставете го во фрижидер барем 2 саати, препорачливо во текот на ноќта.
Чекор 3
Барем пола саат пред печење спремајте го филот од јаболка. Излупете и изрендајте ги јаболката. Додајте шеќер, цимет и бадеми.
Чекор 4
Оладеното тесто поделете го на два еднакви дела. На соодветна површина расукајте го тестото, препорачлива дебелина 3 до 4 милиметри. Префлете го тестото во сад за печење, претходно подмачкан со путер и малку брашно. Расукајте го и вториот дел од тестото.
Чекор 5
Распоредете го рамномерно филот од јаболка по тестото во садот за печење, претходно исцедете го вишакот сок од филот.
Чекор 6
Прекријте го со другиот дел од тестото (ако негде има пукнатина, пробајте со прсти да го споите или додадетевишок тесто). Краевите обликувајте ги со прсти, а целата површина нежно избоцкајте ја со виљушка.
Чекор 7
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу пола саат. Сервирајте ја ладна и со чаша млеко, по желба посипете со ванилен шеќер.

You must be logged in to post a comment Login