Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Пилешко со бадеми, кајсии и маслинки на Марокански начин

Време на подготовка: 1 час и 20 минути / ќе послужите: 6

  • ¾ шолја суви кајсии
  • 2/3 шолја сок од портокал (од 3 до 4 портокали)
  • 1 кокошка (препорачливо 1,5 кг), исечена на 10 парчиња
  • Сол и свежо мелен бибер, по желба
  • 1 кафена лажичка екста ладно цедено маслиново масло
  • 1 мал црвен кромид, исецкан на мали парчиња
  • 2 чешниња лук, преполовени  по должина
  • 5 средни по големина моркови, исецкани по должина на тенки парчиња
  • 1 ½ кафена лажичка мелен ѓумбир
  • ¾ кафена лажичка мелен цимет
  • 2 супени коцки, пилешки
  • Нитка од шафран
  • ¾ шолја непечени бадеми
  • ½ шолја зелени маслинки, без семка
  • ½ шолја по можност свеж магдонос
  • Кус кус, едно пакување, спреман на пара
  • Хариса – Туниски сос од чили пиперчиња, по желба

Чекор 1

Во мала тава, стави ги кајсиите и сокот од портокал да зовријат на средна температура. Тргнете го сосот на страна да се олади.

Чекор 2

Зачинете го пилешкото со сол и бибер.  Загрејте длабок сад со капак или длабока тава за пржење на средна температура и додајте оливо на дното. Ја пржите едната половина од кокошката, од двете страни додека не добие кафеава боја, 8 до 10 минути. Префрлете ја на чинија и продолжете со другата половина од кокошката.

Чекор 3

Во тава додадете 1 лажичка масло и на средна топлина пржете го кромидот, лукот и морковите. Промешајте повремено, додека крмоидот не стане транспарентен, околу 3 минути. Додадете го на тоа ѓумбирот и циметот и промешајте се заедно на огин уште некои 30 секунди.

Чекор 4

Спремајте со супените коцки супа и додадете го шафранот во неа. Во длабоката тава со капак ја ставте супата и пропрженото пилешко и оставате да врие и пушта сокови, ги додавате и кајсиите заедно со бадемите и маслинките. Оставате да зоврие се заедно и ја намалувате температурата да се одржува и пилешкото да крчка, со покриен капак, 30 до 35 минути. Кога ќе биде се спремно послужете со кус кус и хариса чили сос.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement