Се приближува датумот што толку многу го очекувате. Вашата венчавка е набргу и потребно е да обрнете внимание на уште неколку детали за да ја добиете посакувата целина. Изборот на пијалок на венчавката е многу важен дел така што не смеете да го занемарите.
Шампањ, црно и бело вино, коктели и пиво, се се тоа различни пијалоци кои што најчесто се служат со вода и сок. Но, како правилно да одберете добро и квалитетно вино кое ќе се служи на вашата венчавка, нормално за пристојна цена, а во истовреме гостите да бидат задоволни?
Изборот на вино кое ќе се служи на вашата венчавка може за некого да биде многу досадна работа. Се изгледа многу комплицирано, а во суштина потребно е многу малку време за се да биде феноменално. Вашата основна желба е гостите да си поминат прекрасно на венчавката и да им понудите што е можно поквалитетно вино. Доколку немате време да се посветите на ова тема, ние во продолжение ќе ви понудиме неколку совети од искусни добавувачи од светската винска индустрија.
- Најпрво пробајте го и проверете го виното што ви го препорачаа за да се служи на вашата венчавка. Многу важно е вам да ви се допадне или пробајте да бидете колку можете пообјективни. Со себе земете пријател кој има искуство во изборот на вина.
- Доколку се работи за поголема количина која сакате да ја нарачате, обавезно гледајте да добие одреден попуст. Овде може да се заштеди голем износ на средства.
- Гостите сигурно ќе бидат задоволни доколку се служи квалитетно вино. Тоа ќе го почувствуваат како и искустните винари така и почетници без искуство.
- Обавезно внимавајте на венчавката да се чува виното според препораките на производителот.
- Определете се за вина од Франција или Италија. Таму и просечните вина имаат одлични карактеристики, а сигурно ќе заштедите.
- Многу повеќе ќе се конзумира црно од бело вино во поладните месеци.
- При изборот на шампањ не смеете да брзате, а која количина ќе ви биде потребна зависи од бројот на гостите.


You must be logged in to post a comment Login