Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Запознајте се со диетата и вежбите на Миранда Кер

Младата мајка, сопруга и една од најзгодните жени на светот… Миранда Кер секогаш исгледа одлично, а за нејзината совршена фигура во голем дел се заслужни здравата исхрана и строг режим  на вежбање.

Куќата се гради од темелите, а денот по утрото се познава. Првиот чекор кон беспрекорно тело е токму – здравиот појадок! Австралиската убавица, заносната бринета Миранда Кер денот го започнува со витамински коктел.

“Првата работа е утрински шејк, одговорен за максимална енергија и виталност. Тоа е моќен, алкализиран, густ и хранлив пијалак, исклучително богат со витамини и минерали”, открила Миранда во интервјуто.

vo napis

Риба, овошје, зеленчук, салати…

Но, немојте да се залажувате тоа е сепак само еден дел од нејзината секојдневна рутина. Диетата на Миранда Кер главно се состои од здрава мешавина на зеленчук, овошје и риба. Признава дека секогаш бира свежи органски производи и пие само чиста вода, по можност алкална.

Ако сакате да го копирате менито на познатата убавица, еве мала помош: “Обожавам добра салата со млад спанаќ, авокадо, сирење, краставица, бадеми и масло од ореви. Тоа е навистина вкусно, а со тоа сакам риба на скара и некој благ компир”, открива Миранда.

Режим на вежби

За тело кое многумина го сметаат речиси совршено, освен здрава, умерена и добро балансирана исхрана заслужен е и строг режим на вежбање. Откако, во 2011 година го роди синот, Миранда за многу краток  временски период успеа да го врати телото во “нормала”, благодарение на сериозен тренинг и строго придржување на плановите и програмите.

И покрај пренатрупаниот распоред (ревии, снимање силни едитријали, насловни, рекламни кампањи и гостувања на настани и по медиуми), Миранда во теретана оди пет пати неделно, а таму секој пат вежба најмалку по еден час. Нејзиниот режим всушност е комбинација на јога, балет движења, кардио вежби, трчање и бокс! Миранда прави склекови и џогира еднаш до два пати во неделата, а за саканите резултати поминува од 3-5 километри од тренинг.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement