Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Пржени печурки со тост лепчиња и пржени јајца

Време на подготовка: 30 минути / ќе послужите 4

 

  • 1 кришка тост лепче
  • 3 супени лажички маслиново масло
  • 2 главици лук, исечкани
  • ½ килограм свежи шампињони, исечкани
  • сол
  • црвен пипер
  • ¼ чаша бело вино
  • 2 ливчиња мајчина душица
  • 4 јајца

pecurki

Чекор 1

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тостирајте ја кришката леб. Откако ќе завршите, исечете ја кришката на две половини.

 

Чекор 2

Пропржете го лукчето во маслиново масло на тивко, околу 1 минута. Зголемете ја температурата на пржење и додадете ги печурките, додека не станат златно кафени, што значи пржете ги околу 10 минути. Додајте сол и црвен пипер. Потоа, додадете го белото вино, а краток момент подоцна и ливчињата од мајчина душица. Промешајте и тргнете ја тавата за пржење од шпоретот.

 

Чекор 3

Направете 4 дупки во миксот од печурки и во секоја искршете по едно јајце. Вратете ја тавата на шпорет и пржете околу 4 минути. Врз јајцата посипете сол и црвен пипер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement