Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Сами, на мошне едноставен начин, тестирајте го здравјето на вашето срце!

Ова едноставно тестирање кое ќе го направите во домашни услови ќе ви помогне да го одредите ризикот од појава или присуство на срцеви болести.

Ако забележите нешто што ќе ве вознемири, обратете се на лекар и потоа следете ги неговите совети. Еве како, мошне брзо и едноставно да го тестирате здравјето на своето срце.

Обем на половината

Големиот стомак е темпирана бомба. Жените чија половина е поголема од 88 см имаат 79% поголем ризик од  предвремена смрт поради многу причини, срцеви болести и рак, од оние со обем 71 см или помал. Поставете го метрото на најширокиот дел од половината, обично тоа е во близина на папокот. Мажите можат да си дозволат 5 см повеќе.

Пулс во мирување

Оваа вредност е добар показател на состојбата на срцето. Наутро пред да станете од кревет, најдете го пулсот на рачниот зглоб и измерете колку откуцувања имате во минута.

Над 80 во минута, не е добро

60 – 80 добро, нормално

Пулсот под 60 и над 80 може да е знак за дехидрација или медицински проблеми како болест на штитната жлезда или анемија. Исклучок се професиналните спортисти. Маратонецот има минимален пулс од 40 – 50 во минута, а спортската медицина забележала и некои екстремни вредности. Срцето на еден од најдобрите велосипедисти, Еди Мерскс во состојба на мирување имало пулс 25 во минута.

Пулс после напор

Колку побрзо вашето срце се враќа во нормала после вежбање, толку е поздраво. Ако пулсот не се намали барем за 12 откуцувања во една минута после вежбање, имате зголемен ризик од појава на срцеви болести па дури и смрт.

Вежбајте напорно 5 минути, застанете и веднаш измерете го пулсот. После една минута, повторно измерете го пулсот. Одземете го последниот број од првиот.

Пулсот се намалил помалку од 12 – лошо

Пулсот се намалил повеќе од 12 – добро

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement