Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Бакнување на детето во уста: Да или не?

Бакнување на детето во уста за некои е убав чин за изразување на нежност и љубов, а за други необичен, па дури и одбивен. Но, што вели науката за бакнувањето помеѓу мајката и детето?

Нежните бакнежи се најдобриот израз на љубов и посветеност кон друга личност. Иако бакнежите во чело, на образите или на рацете на детето се прифатени во целост, многу родители никогаш не ги бакнуваат своите деца во уста и таа навика ја сметаат за чудна и одбивна. Откако глумицата Џесика Алба, мајка на две девојчиња, изјави дека разбира зошто е чудно некои родители да ги бакнуваат своите деца во уста, а општо е прифатливо да им се допушта на куќните миленици да ги лижат нивните сопственици по лице, мајките од целиот свет остро реагираа на овој став.

Жените кои патат од парадолнтални болести и се изложени на предвремено породување и раѓање на детето во помала тежина. Тоа пак значи дека таквите болести може да имаат негативно влијание на новороденчето, а лесно се пренесува и со плунка.

Американската академија за парадентологија ги советува мајките да избегнуваат бакнување на бебињата во уста, бидејќи во устата на новороденчињата не се присутни бактерии кои предизвикуваат расипување на забите и парадонтални болести, а може да се пренесат со едноставни бакнежи во уста. Имено, кога таа бактерија дојде до устата на детето, таа почнува да го претвара шеќерот во храната и пијалоците во киселина која ги уништува забите.

Затоа академијата тврди дека дури и ако само еден член од фамилијата боледува од парадонтални болести, подложни се сите членови бидејќи плунката се пренесува со бакнување, споделување на прибор за јадење, кашлање, кивање и слично. Исто така, со бакнување може да се пренесат и до 500 различни врсти на бактерии, вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат болести на непцата, а само еден бакнеж помеѓу родителите и децата може да ја пренесе таа болест.

Иако возрасните кои се бакнуваат во уста може меѓусебно да си пренесат бактерии, децата се значително почувствителни бидејќи сеуште немаат развиен имунолошки систем.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Лицето ќе изгледа одморено и посвежо. Нема потреба да посетувате козметички салон за убав тен, да трошите пари на скапи третмани или да купувате...

Fool Moon

Ѕвездата од реалните шоуа и претприемачка Кајли Џенер се соочува со уште една тужба од вработен. Ова е четврта правна постапка покрената од некој...

Green Tea

Овој кујнски трик ги отстранува дамките од вода и бигорот. Секој има хартија за печење во својата кујна, но веројатно не сте знаеле дека...

____celebrity

Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција. Некогаш, на филмското платно, тој излегуваше како победник од речиси секоја опасна ситуација; денес, сепак, Брус Вилис (71)...

Advertisement