ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 лажици маслиново масло
* 1 лажичка рузмарин
* 1 лажичка мајчина душичка
* 1 лажичка магдонос
* сол и бибер
* 8 шницли пилешко бело месо
* половина шолја моцарела
* 16 лажички пармезан
* 2 лажици путер
За сос:
* 1/2 шолји маслиново масло
* кромид
* 2 чешниња лук
* целер
* морков
* сол и бибер
* 900 г. излупени домати
* 6 ливчиња босилек
* 2 ловорови лисја
* 4 лажици путеslider
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сос
Во голема тепсија загрејте масло, додадете ги лукот и кромидот и динстајте додека кромидот не стане стакленикав, околу 2 минути. Додадете целер и морков, а потоа побиберете. Гответе додека зеленчукот не омекне, околу 5 минути. Потоа додадете домат, босилек и ловор и оставете да струи на тивок оган околу еден час, додека не се згусне. Извадете ги ловоровите лисја и пробајте
го сосот. Доколу се уште е киселкаст, додадете путер. Половина сос ставете во блендер и миксајте додека не добиете лесна смеса, а потоа додадете го и остатокот.
Месо
Рерната вклучете ја на 250 степени. Зачините за месото помешајте ги со масло, посолете и побиберете. Во таа смеса тркалајте ги сите пилешки шницли. Маринираното месо пржете го додека не добие кафеавкаста боја, по 2 минути од секоја страна.
Пилешкото ставете го во тепсија, па на секоја шницла нанесете доматен сос, потоа лажица моцарела и по две лажици пармезан. Врз месото потоа нанесете парче путер. Печете додека не се растопи сирењето, а пилешкото добро испечете го околу 3 до 5 минути.

You must be logged in to post a comment Login