Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Uncategorized

КАКО САМИ ДА ПРИГОТВИТЕ НУТЕЛА КРЕМ?

Ретко кој би можел да одолее на ваквиот крем. Постапката за приготвување на нутела крем е мошне едноставна. На крајот ќе добиете околу 1 кг од ова слатко задоволство.

Потребни состојки:

1 литар млеко

200 гр. путер

6 големи лажици брашно

6 големи лажици какао во прав

200 гр шеќер во прав

1 јајце

200 гр мелени лешници

Подготовка:

Ставете ги во сад какаото, брашното и шеќерот во прав, добро измешајте ги и потоа откако сте го направиле тоа додајте 1/2 л млеко и 1 јајце во истиот сад. Со миксер добро измешајте ја смесата.

Остатокот од 1/2 л млеко ставете го во тенџере на шпорет и мешајте го да не загори . Мешате додека не почне да врие млекото. Кога почнува да врие млекото , постепено додавате од претходно направената смеса и постојано мешате.

Лешникот треба што е можно најситно да се исецка и го додавате во смесата постепено. Намалете ја температурата на оганот да не загори смесата и мешајте се додека не се згусне смесата.

Потоа го додавате путерот и добро измешајте ја смесата повторно. Вака направената смеса ставете ја во фрижидер цела вечер за да може да се излади добро.

Вака приготвената нутела може да ја чувате во тегла во фрижидер и до 1 месец. Уживајте во преубавиот вкус без конзерванси и адитиви.

 

cokolada-krem-v

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement