• Сподели на:

За усни како на Кајли ви треба цимет: Трикови за убавина со евтини производи кои ги имате дома

___

Во време кога сите сакаме да имаме поголеми усни, поцврсти нокти и да немаме плускавци, а на носиме вртоглави петици, секогаш добредојдени се триковите кои може да го постигнат резултатот брзо и евтино.

Па, наместо да плаќате цело богатство за серуми за усни како Кајли и совршени нокти, искористете ги производите кои ги имате дома, а не знаете што се можат.

1. Сода бикарбоната може да ви ја светне кожата. Додадете 1 лажичка во гелот кој го користите за чистење на лицето и мијте го со мешавината двапати неделно.

2. Циметот е добра замена за сите ризични техники кои ви ги пумпаат усните. Комбинирајте масло од витамин Е со цимет и намачкајте ги усните.

3. Ако сте во потрага по зацврстувач на нокти, земете чешне лук и тријте ги ноктите со него.

4. Кокосовото масло, покрај што е добро за избелување на забите, може да го користите како масло за вадење на шминката или за да го спречите електрицитетот на косата.

za-usni-kako-na-kajli-vi-treba-cimet-trikovi-za-ubavina-so-evtini-proizvodi-koi-gi-imate-doma-02.jpg

5. За свиленкаста коса доволно е да го искористите пивото за нејзино измивање пред или по стандардното миење.

6. Какаото не е само вкусно, туку и корисно ако немате време да ја миете косата. Многу блогерки за убавина велат дека какаото во прав е добар сув шампон со прекрасен мирис.

7. Изгмечете неколку јадоги и намачкајте ги забите со нив. Киселините кои ги содржат имаат избелувачко својство.

8. Пред да ги облечете високите потпетици или кондурите кои малку ве стегаат, но сакате да ги носите, испрскајте ги стапалата со дезодоранс за да го намалите триењето и шансите за настанување плускавци.


Оставете коментар

___