Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Супер лесни маски за лице

Одржувањето на чиста и здрава кожа може да биде вистински предизвик. Затоа решивме да ви го олесниме одржувањето на кожата со предлог маски кои се целосно природни и можете да ги направите сами со состојки кои се лесно достапни во вашите фрижидери.

Секако, прво и основно правило е да пиете многу вода и да ставате крема за хидратација.

Мед – Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.

Жолчка од јајце – Размачкајте ја на лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.

Белка од јајце – Изматете ја белката додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.

Грозје – Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.

Банана – Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.

Јогурт – Нанесете го на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.

Јаболков оцет – Разводнете го оцетот со вода и нанесете го на лицето со памук како тонер, по миење на лицето секој ден и секоја вечер.

Маслиново масло – Намачкајте на усните (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.

Сода бикарбона – Употребете ја како ексфолијант за лице и додадете ја во редовниот “чистач” за лице.

Млеко – Да, млеко. Размачкајте го на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Green Tea

Експертите препорачуваат перење на завесите на секои три до шест месеци, а во кујната уште почесто – на секои два до три месеци. Пред...

интересно

„Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето...

Advertisement