Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Пет напитоци за здраво и убаво лице

Убавата кожа е резултат на здрава исхрана, добра хидратација на кожата и соодветен козметички третман. Со цел да се забрза враќањето на вашиот сјај на кожата, пригответе некој од овие напитоци во домашни услови и резултатите брзо ќе бидат видливи.

ОБИЧНА ВОДА

Во рамномерни временски интервали , дневно конзумирајте 8 чаши обична , негазирана вода. Не постои нешто што подобро би ја освежило вашата кожа од водата, ја одржува еластичноста на кожата на високо ниво и прави вашата кожа да изгледа здраво.

 ВОДЕНА ИНФУЗИЈА СО СВЕЖА КРАСТАВИЦА

Краставиците во себе содржат 90 % вода и се добри сојузници на водата кои помагаат за подобра хидратација на кожата. Тие во себе содржат поголемо количество калиум и магнезиум кој го одржуваат нивото на РН на вашата кожа на високо ниво, со што вашата кожа изгледа здраво. Пред спиење, добро е да исецкате половина краставица и да ја ставите во обична чаша вода , кон тоа можете да додате и лимонов сок, да го испиете и по краток временски период резултатите ќе бидат видливи.

СОК ОД КАЛИНКА

Пред спиење добро е да се напиете 1 чаша сок од калинка. Таа во себе содржи многу витамин Ц  и содржи два пати повеќе антиоксиданси од зелениот чај.

МЛЕКО ОД СОЈА

Наутро , кафето наместо со обично млеко, можете да го пиете со млеко од соја. Флавониди , кој се содржи во млекото од соја, го задржува колагенот во кожата на високо ниво, со што се спречува појавата на брчки на вашето лице. Тоа исто така ја спречува и појавата на темни дамки на лицето.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Во попладневните часови може да се напиете 2 чаши од овој напиток. Тој е полн  со антиоксиданси,како што се полифеноли кои ја штитат кожата од УВ зраци и го намалува ризикот од изгореници на кожата. Покрај ова, помагаат да се намали црвенилото на лицето и дриги инфекции .

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Green Tea

Експертите препорачуваат перење на завесите на секои три до шест месеци, а во кујната уште почесто – на секои два до три месеци. Пред...

интересно

„Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето...

Advertisement