Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Направи сам: Природна нега на кожата

Домашната козметика приготвена од природни состојки може да биде еден од најдобрите начини за нега на Вашата кожа на сигурен начин.Постојат милион причини зошто треба да одберете природна козметика, како и фактот дека сами можете да ги бирате состојките кои ќе ги вклучите во рецептот. Палетата на состојки кои можете да ги користите е голема, па затоа ослободете ја фантазијата и пригответе нешто што ќе одговара само за вас. Прочитајте неколку природни рецепти кои ќе делуваат природно на Вашата кожа,а кои можат да се направат во секое време.

Природен препарат кој можете да го користите и да направите руменило, или сјај за усни е следниот рецепт ,кој се подготвува особено брзо:

  • 2-3 малини или 2-3 капини се мешаат со маслиново или бадемово масло. Смесата треба да одстои една ноќ и потоа слободно можете да ја нанесете на вашето лице.
  • Глината се препорачува како совршена замена за шампон, како еден од најефективните средства за целиот организам. Таа е позната по чистењето на телото од секакви токсини и е совршен начин истовремено да се погрижите и за Вашето здравје при секојдневното туширање.
  • Маска од зоб и банана- оваа маска има прекрасно влијание врз одржување на свежината на кожата. Потребно е само да изблендирате 1 банана, 1-3 лажици зоб и 1 лажица бадемово млеко. Нанесете ја маската и по 15 минути измијте го вашето лице со млака вода.
  • Лосион од алое вера за вашето лице- За подготовката ви е потребно 50 мл. вода од роза, 50 мл. глицерин, 50 мл.сок од алое вера и 1-2 лажици лимонов сок. Сите состојки да се стават во стклен сад и убаво да се измешаат. Потоа состојките се нанесуваат со масирање и се оставаат неколку минути. Истата маска може да се користи до околу 5 дена.
  • Маска од авокадо- за подготовка потребни ви се сок од половина авокадо и сок од половина лимон. Состојките се блендираат и се нанесуваат на кожата откако ќе се измие со млака вода. По 10 мин од ставањето на маската, таа треба пак да се изие со топла вода.

Прочитај

Uncategorized

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму...

Совети за Секс и Врска

Ја љубам мојата сопруга и не се срамам да го покажам тоа. Ја сакам наутро, кога е без грам шминка, сонлива и со коса која...

Лице

Сите знаеме дека маскарата не би требало да ја користиме подолго од 6 месеци, колку и да е во добра состојба, а пудрата не...

Совети за Фитнес

Младата студентка Алис Лајвинг пред само година дена се одлучила да живее здраво и со таа одлука се трансформирала во фитнес кралица. Алис имала...