• Сподели на:

Најголемата грешка која ја правите со камената пудра

___

Дел од нас ги избегнуваат камената пудра и фиксирањето на шминката со неа, бидејќи често добиваме изглед како да сме нанеле сто тони шминка. Меѓутоа било кој професионален шминкер секогаш ја вклучува и камената пудра во шминкањето.

najgolemata-greshka-koja-ja-pravite-so-kamenata-pudra-01.jpg

Па зошто тогаш кога ние ја користиме изгледаме како напудрени кукли? Сигурни сме дека го знаете одговорот, затоа што погрешно ја нанесуваме.

Поголемиот дел од нас употребуваат четка за да ја нанесат пудрата за истовремено да покријат поголем дел од кожата, наместо да ги фиксираат шминката и основната пудра со камена пудра.

За природно нанесување, потребно е секогаш да го користите она што си доаѓа со самата пудра кога ја купувате – сунѓерчето за нанесување на пудрата.

Со втиснување на пудрата на местата каде кожата ви е најмасна ќе добиете совршен изглед.


Оставете коментар

___