• Сподели на:

Како да ја истакнете бојата на очите?

___

Со помошна шминка…

Статистиката покажува дека жените се почесто сакаат да ги истакнат своите очи и тоа може да го направат  и со помош на шминка.

Со цел да не бидат оставени на милост и немилост на лаичката одговор, решивме професионално да одговориме на ова прашање, бидејќи воопшто не е тешко да го сторите тоа. Ефектот можете да го постигнете доколку ја одберете вистинската палета за очи.  Покрај тоа, со нашите професионални совети и трикови, секои од сини, зелени и темни очи навистина ќе дојдат до израз!

КАКО ДА ГИ ИСТАКНЕТЕ ЗЕЛЕНИТЕ ОЧИ

Совршени нијанси на сенки за очи

Розевите нијанси на сенки за очи во комбинација со црн eyeliner можат да ги истакнат Вашите очи.

Шминката на Rihannina на оваа фотографија е сјаен пример за тоа. Овде е измешана бојата на кожа со металик розева сенка, додадени се неколку слоеви на маскара и eyeliner и е постигнат посакуваниот мачкаст ефект. Слузокожата на окото е исцртана со црн eyeliner околу и ги истакнува зелените очи и ги прави како да се прозрачни.

КАКО ДА ГИ ИСТАКНЕТЕ КАФЕНИТЕ ОЧИ

Со помош на овие бои…

Жената кој аима темно кафени очи треба да се спријатели со сината боја.

Светкавата, златна сенка е користена како прозрачна база на очите на Jennifer Hudson, на оваа фотографија, а линијата со сино во комбинација со eyelinerot e  совршена за постигнување на контраст. Наместо златна боја, можете да нанесете и богато чоколадна нијанса, посебно ако имате светло кафени очи.

КАКО ДА ГИ ИСТАКНЕТЕ СИНИТЕ ОЧИ

На вистински начин

Доколку сакате да ги истакнете Вашите сини очи, бакарниот сјај е полн погодок.

Златната , светла нијанса може прекрасно да изгледа. Нежната убавина на очите на Reese Witherspoon, е навистина истакната со помош на топлите сенки со светкава текстура, а акцентот е ставен на кафената маскара и кафениот eye liner  кој ни се потребни за да го постигнеме посакуваниот ефект. Никако не смеете да ставате црн eyeliner, бидејќи тоа ќе изгледа претешко и ќе ја затвори бојата на Вашите очи. Лесната текстура и златната нијанса се се она што Ви треба Вашите очи да блескаат .

 

 

 


Оставете коментар

___