• Сподели на:

Храна и пијалаци од кои можете да направите домашни пилинзи

___

Во козметичката индустрија најчесто се користат состојки кои можат на кожата да ѝ нанесат повеќе штета отколку корист.

hrana-i-pijalaci-od-koi-mozete-da-napravite-domasni-pilinzi-01.jpg

Поради тоа, свртете се кон природата и со малку труд, пробајте сами да направите пилинг погоден за вашиот тип кожа.

Еве неколку предлози за состојки кои сигурно ги имате дома и слободно може да ги искористите:

1. Мед и јагоди

Органскиот мед во својот има безброј лековити ензими, а семките од јагодите ја подмладуваат кожата. Измешајте малку мед со неколку ситно исечкани јагоди и нанесете ја смесата на лицето за да отстои 10-15 минути и потоа измијте го лицето.


2. Шеќер

Шеќерот е одличен за нега на лицето и телото. Во неколку лажички шеќер додадете малку кокосово или маслиново масло (може и лимонов сок). Измијте го лицето со топла вода, нанесете ја смесата и масирајте со кружни движења. Измијте го повторно лицето и вашата кожа ќе биде мека и сјајна.


3. Талог од кафе

Веќе е познато дека талогот од кафе е одличен при борба со целулит. Во комбинација со малку маслиново или етерично масло од лаванда или лимон ќе добиете мешавина која уништува мртви клетки и ја потхранува кожата.


4. Сода бикарбона

Постојат многу практични совети како да ја примените сода бикарбоната, а еден од нив е во форма на пилинг. Измијте го лицето со топла вода и масирајте со кружни движења. Измијте го лицето повторно – ова е проверен рецепт за секаков тип на кожа.

 


Оставете коментар

___