Сигурно вашите мајки многу пати ве предупредувале да не излегувате надвор со мокра коса, но и добро да ја исушите пред да си легнете на спиење. Сега е докажано дека биле во право.
Имено, како што пишува порталот “The Open Mind”, легнувањето во кревет со мокра коса може да предизвика многу здравствени проблеми.

Главоболка
Додека спиете вашата телесна температура се прилагодува на температурата во просторијата, па повторно се зголемува во РЕМ фазата од сонот. Мократа коса ја лади главата и не дозволува да се прилагоди на телесната температура, па поради таа причина настануваат главоболки.
Инфекции
Габите и бактериите многу побрзо се размножуваат на влага, па мократа коса е идеална за развој на разни инфекции.

Пукање на врвовите
Мократа коса е чувствителна и брзо пука, особено при спиењето додека ја триете главата од перницата.

You must be logged in to post a comment Login