Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

УБАВИНА

5 грешки кои ги правите додека вежбате

Дали некогаш сте се запрашале дали во теретана правите сè како што треба? Повеќето активни луѓе мислат дека е доволно само да бидат активни, без некои посебни правила

Ако и вие спаѓате во оваа група, тогаш дефинитивно ги правите 5те најчести грешки:

1. Не дозволувате да се префорсирате

Ако редовно посетувате тератана, тоа е одлично, но ако редовно ги правите истите вежби со иста тежина, тогаш стоите во место. Кога вежбите ќе ви станат претерано лесни, дозволете си да се префорсирате. Предизвикајте ја сопствената издржливост.

2. Мрзливи сте

Ако сте на лентата за трчање и се држите за страните со рацете, престанете веднаш. На кардио машините мора да бидете активни. Доколку забележите дека темпото ви е пребрзо, подобро намалете го.

3. Тешки тегови – слаба кондиција

Иако е добро да си поставувате предизвици, тоа не е најпаметно кога сте во слаба кондиција. Кога сте преморени или пак штотуку започнавте со загревање, не се фаќајте за најтешките тегови. Научете ја моќта на умереноста.

4. Повеќе одмарате отколку што вежбате

Ако сте забележале дека одморот ви трае подолго во вежбите, време е да се замислите. Оставете го телефонот и разговорите, паузите не смеат да ви бидат подолги од 3-5 минути, колку да го нормализирате дишењето.

5. Вежбате за да може да јадете

Постојат луѓе кои вежбаат само за да јадат повеќе од дозволеното, без чувство на вина. Изборот е потполно погрешен. Замислете го напорот кој го вложивте во изминатиот час и споредете го со неколку залчиња хамбургер и помфрит. Па и не е така вкусно да ги вратите 400-те калории за само 5 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement