Доколку сте решиле да ја намалите употребата на разни вештачки препарати ова ќе биде вистински совет за вас.
Ставете помала количина маслиново масло на дланките, тријте ги како би се распоредило рамномерно. Втријте го на деловите каде е најпотребно на пример на краевите. Остатокот распоредете го низ целата должина на косата, но избегнувајте го коренот. Оставете го 10мин за косата да го впие маслото потоа исчешлајте ја косата и соберете ја. Овој третман на косата ќе и даде тежина или ќе нагласи локните.
Доколку имате сува коса втријте 2 лажици маслиново масло од коренот кон врвовите на косата. Намокрете пешкир со топла вода, убаво исцедете го и ставете го околу косата да делува 30 минути. По 30 минути измијте ја косата со шампон како и секогаш и обликувајте ја косата. Ова ќе ја регенерира косата длабински и ќе и даде мекост и сјај.

You must be logged in to post a comment Login