Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Заглавени во својот идеал: Дали треба да им дадете шанса на оние што не се ваш тип?

Секој човек зависно од сопствениот вкус го привлекуваат различни типови на луѓе кои поседуваат одредени карактерни, односно физички црти. Сепак, се чини дека некогаш заглавени со одреден идеал, луѓето не ни се обидуваат да им дадат шанса на оние кои не се вклопуваат во нивната замисла.

Постојат многу причини поради кои треба да гледате малку пошироко од зацртаната листа со физички и карактерни црти што треба да ги поседува одредена личност.

Колку успех сте имале со досегашниот избор?

Ако вашиот „тип“ е идеален избор за вас, нели сега би биле со некоја таква личност, наместо да размислувате за приликата да бидете со некој кој излегува од таа шема? Заглавени со одреден идеал, некогаш сте слепи за оние што навистина заслужуваат шанса, а причината поради која ги одбивате е навистина смешна.

Гледајте ја поголемата слика

Сега не можете да се замислите со конкретната личност, но дали барем сте се обиделе да ја запознаете? Никогаш не знаете кого пропуштате додека не му дадете шанса. Тргнете ги настрана сите предрасуди што ги имате за одреден тип на луѓе, многу е веројатно дека сте згрешиле кога сте ја составувале листата на која се наоѓаат сите можни причини поради кои не доаѓа предвид да бидете со некој како нив.

Погледнете ги примерите околу себе

Мислите дека сте првите што размислуваат дали да дадат шанса на личност со која не можат да се замислат? Со сигурност имате барем една блиска личност која преминала преку ваквиот момент и на крајот излегло дека го направила вистинскиот избор. Позитивните примери се тука, само треба да погледнете околу себе.

Не бидете толку сигурни во своето предвидување

Немојте да бидете толку тврдоглави мислејќи дека знаете сè, дека многу добро можете да го предвидите неуспехот на врската со личност која не е ваш тип. Нема да бидете први на кои животот им покажал дека грешат. Освен тоа, никогаш не знаете со што може човек да ве придобие – постојат карактеристики што ја прават една личност посебна.

Затоа кога ќе сретнете некој што покажува искрен интерес за вас, не велете веднаш „не“ мислејќи дека тоа нема да успее. Барем запознајте ја личноста, нема да ви треба многу време за да дознаете дали сте биле во право или не.

 

Прочитај

Wall Street

Piaget Altiplano Ultimate го пронајде своето место меѓу светските рекорди, сместувакќи 167 поединечни делови во куќиште длабоко 2 mm без било каков компромис. И...

Fine Living

Во изминатите неколку недели, New York е на насловите во сите вести и весници како град кој е најсилно погоден од корона вирусот… Ситуацијата...

Cotton Club

Долгогодишното лице на брендот Prada, моделот Freja Beha Erichsen, го освои водечкото место во својата нова кампања пред есен 2020…. Фотографирала David Sims, се...

Green Tea

Иноваторите од компанијата Matrix Industries ги слушнаа нашите поплаки и го креираа Juno – уред кој може инстант да ги разлади вашите омилени пијалоци....