• Сподели на:

Врска со зафатено момче? Да или не?

___

Пред да се впуштите во врска со зафатено момче, морате да имате на ум неколку работи. Пред сè тука има неколку предупредувања на кои не смеете да останете глуви.

Зафатено момче е всушност фраер кој е достапен само кога тој ќе ве повика на состанок или да се видите на кратко. Кога вие него ќе го повикате, тој нема време, бидејќи има некои други обврски и можете да заборавите на состанок со него, сè додека тој не ве повика.

Зафатените момци имаат интереси кои секогаш ги ставаат на прво место. Вие секогаш ќе морате да се „буткате” за да го најдете своето место во неговиот живот, па добро размислете дали сте подготвени за таква жртва.

На самиот крај на вас е да одлучите што сакате. Ако крај себе сакате маж којшто ќе ви служи само за секс, тогаш можете да започнете врска со зафатено момче, но ако сакате сериозна врска во која некој ќе ве цени и почитува, тогаш почнете потрага по нов дечко.


Оставете коментар

___