Во иднина, пожелно би било да внимавате на овие ситници и мали работи кои мислите дека се комплетно небитни, а со тоа ќе ја истакнете целата своја привлечност.
Контакт со очите на само неколку секунди е навистина неодолив.
На мажите им се допаѓа кога и вие ќе нарачате една тура пијачки во клубот.
Премногу им е привлечно кога се смеете искрено и од срце, а при тоа да не обрнувате внимание на тоа како изгледате.
Мажите сакаат кога девојката има предлог за тоа каде да излезете или што да правите.
Мажите ги пали премногу кога прамен од косата ќе ви падне преку очите, а вие ќе го тргнете полека како во филмовите.
Мажите обожуваат амбициозни девојки кои сакаат да зборуваат за новата работа или за своето хоби.
Немојте да глумите дека ви е интересно нешто што ви е досадно затоа што искреноста се цени.
Што значи, драги припаднички на поубавиот пол, сè што ви е потребно е да бидете спонтани, опуштени, симпатични и насмеани.

You must be logged in to post a comment Login