Без разлика на тоа дали сте во врска или не, ви носиме десет совети како да направите да му недостигате на дечкото за кого сте заинтересирани, без разлика дали станува збор за вашиот долгогодишен партнер или пак за бившиот дечко кого сакате да го вратите назад.
Мажите се комплицирани. Потребно им е постојано внимание, многу љубов и сакаат да бидат “во лов“ на жени кои ги интересираат. Понекогаш е тешко да се најде рамнотежа како да функционира вашиот однос. Поради тоа понекогаш е одлично да се тргнете настрана и да направите да му недостигате. Каква и да ви е сегашната ситуација, во продолжение ви наведуваме 10 совети како да направите да стане луд по вас.
Понекогаш е добро да им дадете можност на мажите да ве “ловат“.
Доколку сте во врска
Доколку чувствувате дека почнува да згаснува искрата во вашата врска, немојте одма да станува очајни. Со тек на време тоа се случува кај поголемиот број на врски. Дозволете му на вашиот партнер да се потруди околу вас. Еве како.
Раскажете му како сте го поминале денот
Еден од најубавите начини да направите да му недостигате е доколку добро се забавувате без него. Он сака да биде дел од вашиот живот и да ве направи среќни па ќе се потруди да ви го придобие вниманието со цел да ви покаже дека можете добро да се забавувате и во негово друштво.
Немојте да бидете достапни во секој момент
Доколку ви прати порака, немојте во истата секунда да му одговорите, освен ако тоа не е неопходно. Дајте му малку време, да се запраша што правите. Тоа ќе го заинтригира. Одговорете му после неколку саати и така ќе знае дека се забавувате и без него.
Приредете му незаборавен секс
Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку му приредите незаборавна забава во креветот и поради тоа ќе ве посакува уште повеќе. Затоа потрудете се, искористете ја вашата фантазија и приредете му незаборавен секс што ќе го памети цел живот. Доколку вашиот дечко излгеда незаинтересирано, останете и вие рамнодушни. Тоа сигурно ќе го разбуди неговиот интерес.
Игнорирајте го
Доколку вашиот партнер се однесува ладно, играјте ја истата игра. Едноставно однесувајте се како да сте премногу зафатена за да разговарате со него. Нека ви пријде тој. Понекогаш на мажите им треба можност да видат дека им недостигате. Дајте им ја таа можност.
Доколку повеќе не сте заедно
Доколку не сте заедно, тогаш мора да играте на друг начин.
Изгледајте совршено
Прво правило кога сакате да му недостигате на својот бивши е да изгледате неверојатно убаво и без него. Тоа ќе го полуди и ќе му го повреди егото. Доколку знаете дека ќе се појави некаде каде ќе бидете и вие, дајте се од себе за да изгледате најдобро што можете.
Појавете се со некој друг
На јавни места појавете се со друг дечко, доколку знаете дека ќе биде присутен и вашиот бивши. Сигурно ќе се присети на сите ваши заеднички моменти и одеднаш ќе почне повторно да ве посакува.
Однесувајте се љубезно
Кога ќе се сретнете, однесувајте се со него љубезно, како да станува збор за ваш стар пријател, а не за вашиот бивши љубовник.
Бидете среќна без него
Немојте да станувате очајни, бидејќи тоа така не функционира. Во ваква ситуација тој може само да ве сожалува. Мора да бидете среќна и весела без него како би ве забележал. На никого не му недостига очајна бивша девојка.
Носете го неговиот омилен парфем
Доколку навистина сакате да го натерате да му недостигате, тогаш ставете го неговиот омилен парфем. Тоа ќе го потсети на сите ваши заеднички моменти и одеднаш ќе му недостигате.
Понекогаш е тешко да ги натерате мажите да им недостигате, но со малку напор се е можно. Имајте трпение и немојте да заборавите – мажите сакаат лов. Дајте им можност.

You must be logged in to post a comment Login