Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Што кога ќе се заљубите во оженет маж?

Аферата со оженет маж може да донесе многу проблеми во вашиот живот, а да не ја споменуваме лошата репутација. Иако ваквите врски се полни со возбудувања, запрашајте се дали се вредни штетите кои подоцна ги носи ваквата афера.

Прочитајте на кој начин мора да размислувате доколку ви се случи да се вљубите во оженет маж.

Запознајте го подобро

Голем број мажи сакаат да стапат во врска со друга жена, без оглед на тоа што се во брак, со помош на класичниот изговор дека во него се несреќни. Морате да сфатите дека ништо нема да го наведе да се разведе, па ако дури и тоа го направи, дали ќе можете да му верувате? Немојте да одговарате на нивните емоции, бидејќи веднаш ќе станете „втора“ жена.

Немојте да патите

Вакви работи секогаш се случуваат и ќе се случуваат, затоа нема потреба да мислите дека вашиот живот е готов само затоа што тој е оженет. Не е исто како Ромео и Јулија, во светот на забранетата љубов – согледајте ја реалноста. Забавувајте се, излегувајте, запознајте што повеќе различни луѓе и можеби ќе налетате токму на оној вистинскиот.

Гледајте на ситуацијата од позитивна страна

Сте сфатиле дека тој е мажот од вашите соништа, но тој за жал не е слободен. Знаме дека ви доаѓа да плачете, но гледајте на тоа од позитивната страна. Ако ништо друго, сега барем знаете каков маж да барате, но овој пат слободен.

Не дозволувајте да станете втора

Понекогаш ќе налетате на мажи кои признаваат дека бракот им пропаднал, но не дозволувајте си на себе вие да бидете причина за развод. Доколку е навистина несреќен, ќе го раскине тој брак кога-тогаш и ќе биде слободен за нова љубов.

Не занесувајте се

Можеби мислите дека тој е многу шармантен, но колку всушност го познавате? Сите сакаат да остават добар впечаток на личноста која им се допаѓа. Тој можеби има некои навики кои нема да ви се допаднат кога малку подобро ќе го запознаете. Можеби ќе сфатите дека повеќе ви се допаѓа некој друг маж кој е слободен, но дека оженетиот е само поголем предизвик бидејќи е недостапен. Зошто да ризикувате ако не го познавате толку добро? Подобро свртете се кон реални кандидати.

Избегнувајте интимност

Иако изгледа дека вие ништо лошо не правите, не дозволувајте да помисли дека за него ќе направите се. Ќе биде подобро за вас, а и тој ќе ве почитува повеќе. До душа, попрво ќе најде некоја друга жена со која ќе ја изневерува својата.

Барајте причина

Нема ништо лошо во тоа што сте се заљубиле во оженет маж, се додека тоа не ви стане навика. Ако тоа ви се случува често, тогаш морате да се запрашате зошто е така. Зошто сакате баш оженети мажи? Дали нешто на себе си докажувате или едноставно не сте заинтересирани за стабилна врска?

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fool Moon

Култната југословенска телевизиска серија „Отпишани“ е една од оние што ја обележаа српската кинематографија. Снимена е во 1974 година, а поради огромната популарност, две...

Cotton Club

Иницијатива на брендот за подобра иднина. Томи Хилфигер најавува глобална кампања „Moving Forward Together“ за есенва 2020 година и ги повикува љубителите на брендот...

Fool Moon

Името на австрискиот Евреин Симон Визентал стана познато ширум светот како синоним за фаќање и казнување на нацистите, дури и неколку децении по завршувањето...

Wall Street

Ана Винтур е британско-американска новинарка и уредничка, позната по нејзината улога како главен уредник на магазинот „Vogue“ од 1988 година. Со препознатливите знаци на...