Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Разменување секси пораки: Неверсто или не?

За 60% од мажите бакнежот со затворена уста не е неверство, но и тие исто како и жените разменувањето секси пораки го сметаат за емоционално неверство.

Околу 85% од жените и 74% од мажите сметаат дека флертот преку пораки и разменување разголени фотографии, како и праќање експлицитни пораки со сексуална содржина, се сигурен пат за загрозување на врската. Повеќе од 2/3 од нив се согласуваат дека тоа е еден вид неверство, дури и ако нема никаков физички контакт, покажала студијата на „Хафингтон пост“ која опфатила повеќе од 1.000 луѓе.

Сепак, резултатите од истражувањето покажале дека луѓето зависно од полот, многу различно го дефинираат неверството. Па така, околу 75% од жените сметаат дека нивниот партнер ги изневерува ако тој има емоционална поврзаност со некоја преку интернет, без оглед на тоа што немало физички контакт меѓу нив, додека истото го мислеле помалку од 50% од мажите.

Најголем дел од мажите бакнежот во уста не го сметаат за неверство, а 60% од нив не би ни го нарекле тоа неверство сѐ додека бакнежот не вклучува јазик. Дека бакнежот во уста не е неверство сметаат 34% од жените.

Припадничките на понежниот пол обично имаат двојно повисоки критериуми кога е во прашање неверството. Од нив 70% сметаат дека неверство е ако партнерот емоционално се зближи со некоја друга жена, додека 50% од нив тоа го сметаат за неверство ако самите го сторат истото.

Мажите се подоследни phone porn во тој поглед, па 50% од нив емоционалното зближување со друга личност го гледаат како неверство ако тоа го стори партнерката, а 44% од нив ако тоа го прават самите.

Прочитај

Fool Moon

Tesla е име кое инспирира многумина… Нивниот славен Cybertruck речиси се најде во улога на муза за модифицираната верзија на iPhsone кој е потпишан...

Fine Living

Принцевите живеат во палати и тоа е општо позната работа… Сепак, земјата и воздухот во нивниот случај можат да се поистоветат, бидејќи принцевите успеваат...

Cotton Club

Поврзувајќи се повторно за својата втора соработка, Bamford Watch Department и Badgerworks, повторно одбраа TAG Heuer Carrera модел како свое платно… Овој пат, се...

Route 66

Нема зборови кои можат да ја опишат убавината на оваа добро позната британска икона произведена во 1966 година. Реставрацијата е внимателно изведена од страна...