Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Овие работи го оддалечуваат партнерот од вас!

На сите ни се случило понекогаш како гром од ведро небо некој да не остави. Но, не сме секогаш способни да ја пронајдеме причината. Жените понекогаш прават работи ненамерно кои им сметаат на мажите, или ги плашат. Понекогаш е доволна само една работа за партнерот да избега од вас. Ако се прашувате како да го задржите партнерот, не ги правете следниве работи.

Не пробувајте да го смените

Дали некогаш сте се впуштиле во врска со некој кој не ви се допаѓа целосно. Сите имаат некакви навики кои не се брилијантни и кои им сметаат на луѓето околу нив. На пример коцкањето, пушењето, или несоцијализираноста. Мажите не сакаат да се менуваат, а жените многу често ја прават оваа грешка. Секако, не можеме да процениме уште првиот пат какви недостатоци има парнерот. Дајте му време да се вљуби во вас и да биде зависен од вашата љубов, па потоа направете некакви стратешки планови како да го промените.

Не претерувајте со анализирање на работите

Емоционалната драма е една работа која многу им смета на мажите. Прашувањето на непотребни работи и едноставно мислењето за деталите на глас не им се допаѓа. Тие не размислуваат за ситници, а жените се тотална спротивност. Жените обожаваат да анализираат, посебно новите партнери. Наш совет е да знаете кога претерувате со замарање за најмали детали и да разговарате со вашите пријателки наместо со него, затоа што нема да може да ве разбере.

Не драматизирајте

Жените кои се опседнати со драматизирање понекогаш можат да бидат интересни, но само од далеку. Има многу жени кои обожаваат драма. Ова ги полудува мажите! Има жени кои прават сцени пред други луѓе, па ако сте една од нив треба да престанете да го иритирате својот партнер. Ако имате проблем со него нема потреба другите луѓе да знаат за тоа.

Не прашувајте и не зборувајте премногу за минатото

Ако живеете во минатото и ако сте навикнати да зборувате за вашите поранешни момчиња – престанете. Мажите се нервираат кога жените ги прашуваат претерано за минатото. Ако ве сака и му значите тој сам ќе одлучи кои детали да ги сподели со вас со тек на време.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement