Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Мажи, други шанси нема да добиете: 6 работи поради кои жените ќе ве одбијат!

Изгледот е важен на жените, но не ја заборавајте и изреката дека убавината е во окото на набљудувачот.

Мажи, сигурно веќе знаете дека женското око ништо не може да пропушти. Доколку сте потенцијален додворувач, бидете сигурни дека ќе обрнат внимание на овие неколку важни детаљи.

1. Став

Држењето, начинот на кој оди, стои и како се однесува со другите, се првите работи што жените ги приметуваат кај мажите. Сакаат кога се самоуверени но не и арогантни, кога сакаат да бидат во центар на вниманието, но не и да претеруваат во тоа. Нежниот пол сака јаки но љубезни мажи, и тие кои се сигурни во себе.

2. Изглед

Добро, изгледот е важен на жените, но не ја заборавајте и изреката дека убавината е во окото на набљудувачот. Ако понудите на жените долг список на мажи меѓу кои ќе треба да ги одберат оние кои се атрактивни, различни жени ќе бираат различни мажи, високи, ниски, темнокоси, светли, со долга или со кратка коса…Изгледот е многу важен , но впечаток треба да оставите и во наредните неколку состаноци.

3.Однесување

Жените обрнуваат внимание на тоа како се однесувате. Како по правило, не сакаат арогантни, агресивни, или мажи со непристојни манири. Жените не сакаат нивниот партнер да се однесува така, посебно не во нивно присуство.

4. Како сте облечени

Поубавиот пол сака мажи кои се грижат за себе. Една од првите работи на која ќе обрнат внимание уште од првиот состанок е што имате на себе, дали е тоа уредно и испеглано, дали ви стои добро, дали ви се кондурите чисти. Ниедна жена не сака да види маж кој е запуштен, нечист и чија облека смрди. Обрнете внимание на тоа како изгледате, затоа што жената тоа ќе го регистрира.

5. Лош здив и смрдеа

Прашајте ги жените што ќе им направи одбивност кон мажот и сигурно ќе добиете еден одговор: лош здив, лош мирис на телото или смрдеата од нозете. Затоа користете дезодоранси, редовно туширајте се, мијте ги забите. Друга прилика нема да добиете ако ве избришат од листата на додворувачи поради ова.

6. Килограми

Не морате секој ден да идете во теретана, но трудете се секогаш да бидете во форма. Иако постојат жени кои сакаат покрупни мажи, тоа не значи дека треба потполно да се опуштите и да го запоставите своето тело.

 

 

 

 

 

 

 

Прочитај

Green Tea

Kреативниот директор на марката Dom Perignon , го истражувала Лени Кравиц и неговите нови карактеристики во соработка со оваа куќа од шампањско … Поточно,...

Four Seasons

Дали сакате пауза од сè околу вас – цивилизација, современи уреди, Интернет, работа и луѓе? Имаме совршен предлог за вас … Островот Асатиг е...

Wall Street

Брендот Porsche го воведе моделот 911 Targa 4S Heritage Design Edition, кој доби елементи за дизајн од 1950-тите и 1960-тите, и е првото од...

Cotton Club

Импресивна, но повторно софистицирана колекција што Крис ван Аш ја потпишува за марката Berluti… Очигледно, розите цветаат во марката Berluti. Со креативно водство на...