Повеќето мажи мислат дека жените се научна фантастика и никогаш нема да можат да сватат што сакаат. Но верувајте, тоа не мора да биде така. Во продолжение прочитајте кои се тие особини кои жените ги бараат од идните партнери.
Учтивост
Без пристојност и добро однесување вие немате ништо. Се надеваме дека вашите родители веќе ве имаат научено како да се однесувате, а особено кога се работи за жени. Не е важно дали се работи за млада девојка или постара жена, кон нив секогаш треба да се однесувате како вистински господин.
Работа
Секако дека знаеме во каква држава живееме и дека најчесто не е важно колку знаеш и колку можеш, туку е важно на која страна си. Но, тоа не значи дека треба да се откажете.
Кај жените тоа никогаш нема да ви биде плус. Тие бараат сигурност и ќе гледаат да најдат некој кој може тоа да им го осигура. Ако веќе самите финансиски се осигурале, тешко дека ќе дозволат времето и сите свои пари да ги трошат на некого.
Интелигенција
Жените сакаат мажи кои добро се изразуваат и се снаодливи во секоја ситуација. Ако баш и тоа не ви оди од рака, обидете се да научете неколку фенси зборови и вешто користете ги во женско друштво.
Вештина во кревет
Уште една карактеристика без која жените не би замислиле среќа. Доколку не ја соодветно задоволувате во креветот тогаш вие имате голем проблем.
Самодоверба
Жените сакаат мажи со самодоверба! Дали сте виделе некој слабак да има девојка која сите ја посакуваат? Никогаш нели?
Смисла за хумор
Жените сакаат добра забава Добрата смисла за хумор е често карта до срцата на многу жени.

You must be logged in to post a comment Login