Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Кога треба да раскинете?

Преку гестови, знаци и говор на телото лесно е да се заклучи колку на некого му значите. Понекогаш и кога очите ви се ширум отворени ги игнорираме фактите и одбиваме да ја видиме и прифатиме вистината.

Прекините на врската се тешки па затоа земете ги предвид следниве знаци кои најчесто водат до крај на врската.

1. Кога оправдувањата стануваат лага

Ако партнерот е преполн со изговори за да не се видите, а изговорите се повеќе наликуваат на лага, време е да се запрашате што не е во ред.

Или побарајте објаснување и поразговарајте сериозно или едноставно престанете да го трпите тоа однесување и ставете крај на се.

2. Кога на партнерот му се поважни вашите пари

Ако ви се чини дека дебелината на вашиот паричник е причина за некој да биде со вас, можеби тоа не е личноста со која треба да го поминете остатокот од животот.

Лесно е да го забележите ова, а кон оваа личност не треба да имате милост воопшто.

3. Кога вашите караници стануваат јавни

Во ред е понекогаш да се скарате, но караниците треба да останат помеѓу 4 ѕида. Јавните караници, понижување и вреѓање се знак дека врската не е во ред и размислете дали сеуште има смисла да бидете со оваа личност.

Да бидете со некој кој вас ве зема “здраво за готово“ и ви се дере пред дргите, може да стане проблем во долгорочна смисла.

4. Кога љубомората ќе излезе од контрола

Ако во врската без причина почнат да се јавуваат сомнежи, обвинувања, љубомора и сл. тоа може да отиде предалеку.

Не е лесно да се носите со посесивен партнер на кој му пречи секоја личност во вашиот живот, поготово од спротивен пол.

Никогаш не можете да бидете сигурни до каде ќе оди тоа. Можеби е подобро да излезете од таа врска отколку да ги носите последиците.

Прочитај

Four Seasons

The Muraka, Maldivi Нема ништо подобро да се избега од реалноста, од вистински луксузен подводен стан. Како дел од островот „Conrad Maldives Rangali“, „The...

Fine Living

Ако некогаш сте посакале да живеете во Бел Ер, ние имаме совршена понуда за вас … Со цена од 16,89 милиони долари, вилата за...

Wall Street

Детали покриени со златен лист и рефлективни панели се главните карактеристики на стилот „Арт Деко“ во овој париски ресторан, кој британскиот дизајнер Џон Велан...

Fine Living

На Бел Ер има многу импресивни мега-вили, но само неколкумина имаат архитектонско значење до таква мера како онаа за која денес зборуваме… Позната како...