• Сподели на:

Ќе имавме супер врска да не беше ТАА

___

Машко – женските пријателства секогаш се интересна тема за дискусија. Многумина веруваат дека е невозможно маж и жена да останат само пријатели кога постојано се заедно, без разлика на тоа дали во почетокот на пријателството немало љубовни чувства

Сепак, кога сте во врска и вашиот партнер има пријателка со која поминува значителен дел од своето време не може, а да не се запрашате дали се само пријатели или пак ситуацијата полека ви бега од раце.

Ако станува збор само да пријателство тогаш постојат неколку нешта кои треба да бидат кристално јасни уште од самиот почеток.

Не важат двојни стандарди

Кога излегува со неа тогаш се е во ред, а кога вие сакате да излезете со пријател тогаш ви го потенцира тоа на секои 5 минути? Тоа значи дека во врската постојат двојни стандарди и дека тој смее да има пријателка, но тоа не важи и за вас. Во здрава и среќна врска не би требало да постојат такви стандарди.

Кој е главниот приоритет?

Имате договор со партнерот, а тој ви откажува затоа што се договорил со пријателката? Сценаријата од ваков тип не треба да се случуваат бидејќи во една врска партнерката односно партнерот треба да бидат приоритет. Дури и кога партнерот ја знае пријателката подолго од партнерката не смее да си дозволи партнерката да се почувствува дека е во нечија сенка.

Без љубоморни сценарија

Дали му верувате? Мошне важно прашање кога станува збор за машко – женските пријателства. Кога не чувствувате љубомора и не се сомневате во неговите постапки полесно може да го прифатите фактот дека има пријател и тој пријател е женско. Ако тој не ви наметнува со кого треба да се дружите, тогаш и вие не правете го тоа.

И вие сте дел од нивното пријателство

Во здравите врски партнерот нема проблем да ја вклучи својата партнерка во пријателството односно да не се чувствувате недобредојдени ако решите непредвидено да им се придружите на кафе. Кога постои таква транспарентност сите се чувствуваат попријатно.

Каков е односот меѓу вас две?

Понекогаш се случува да не ви е симпатично однесувањето на неговата пријателка ниту пак на неа вашето. Ако партнерот си дозволи да слуша негативни коментари од нејзина страна за вас и истите да ги толерира тоа може да доведе до сериозни проблеми во врската. Ниту една вистинска пријателка не зборува лошо за некого кога знае дека нејзиниот пријател е среќен во врската.


Оставете коментар

___