Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како да се справите со љубомората

Љубомората доаѓа од сопствените несигурности, а во моментот кога ќе престанете да ја барате среќата во партнерот ќе научите како да ја пребродите. Љубомората е симптом кој се должи на погрешната перспектива за тоа што си значите еден на друг, дали си верувате еден на друг воедно третирајќи се со почит.

Вие знаете колку вредите

Ако се чувствувате несигурно во една љубовна врска, дајте си време и почнете да гледате од друга перспектива која би овозможила да се чувствувате комфорно. Почнете да запишувате зошто се чувствувате несигурни, без разлика дали се работи за вашиот изглед, вашата финансиска ситуација или стравот да бидете осамени. Овие се чести работи заради кои жените се чувствуваат несигурно. Не се наслонувајте на негативноста, затоа што вие на својот партнер треба да му пружате подршка, да му помогнете да ужива во животот.

Сакајте без очекувања

Справете се со своите очекувања, затоа што тоа е многу важно за градењето на една љубовна врска. Наместо да барате од некого да се однесува на одреден начин и да се вклопи во вашата идеја која сте си ја зацртале во главата – почнете да го прифаќате својот партнер. Кога луѓето сакаат без да го контролираат исходот на врската  работите се движат во правилна насока. Мажите многу често велат дека жените бараат премногу од нив, но кога ќе најдат жена на која не им се потребни тие се вљубуваат во неа заради нејзината самодоверба. Престанете да го контролирате својот партнер, гледајте на него како на човек кој може да се сноси со своите одлуки и емоции, исто како вие самите.

Погледнете се во огледало

Многу е важно да сте искрени сами со себе. Запомнете дека треба да се однесувате внимателно во врската, а ако не сте сензитивни на својот маж тој нема да се чувствува сигурно. Пробајте и разговарајте отворено за љубомората која ја чувствувате, раскажете му на партнерот за вашите внатрешни борби и објаснете му од каде доаѓа сета таа љубомора.

Не ви е потребен

Со цел да ја пребродите љубомората, треба да сфатите дека партнерот не ви е потребен за ништо. Луѓето растат и се развиваат со помоѓ на љубовните врски. Бидете извор на позитивна енергија во вашата врска и научете дека никој друг не ви е потребен за вие да се чувствувате целосно. Ако станете зависни од својот партнер, вие многу лесно можете да станете љубоморни, но ако ја пренасочите вашата перспектива ќе сфатите дека вашата среќа зависи само од вас.

Граници

Ова е круцијален аспект за пребродување на љубомората. Не влегувајте во љубовни врски премногу брзо. Пред да почнете да станувате премногу ранливи, заштитете се себеси и дајте си време да го запознаете партнерот подобро. Треба да знаете каква е другата личност и како се однесува во одредени ситуации. Многу често љубомората доаѓа од впуштањето во врска со непозната личност. Секој кој се поврзува со тотален странец, во одереден момент може да се почувствува несигурно затоа што не го познава доволно. Но, ако прво го запознаете како пријател и искомуницирате со неговите блиски – работите ќе бидат полесни.

Дајте му слобода на партнерот

Не трудете се да го контролирате цело време својот партнер. Не прашувајте го константно што прави, со кој е и зошто некои луѓе му се јавуваат или му пишуваат. Дајте му простор и сфатете што точно е здраво за него и за вашата заедничка врска. Ако вашиот партнер е ментално здрав, тогаш е сосема нормално да комуницира со жени во својот живот. Креирајте позитивна иднина и фокусирајте се на заедничките цели, воедно следејќи ги своите соништа.

Како да го смените начинот на размислување?

Ако почувствувате љубомора, вдишете длабоко и кажете си во себе „Го сакам таков каков што е”, „љубомората ми ја одзема енергијата” или „знам дека треба да бидам третирана како што заслужувам, па ако тој не се однесува со мене како што треба – не ми е потребен”. Љубомората е негативна вибрација која боли, не дозволувајте да ви ја одземе моќта.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement