Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Каде згасна почетната страст во Вашата врска?

Порано само живеевте за ноќта кога со партнерот не ги штедевте времето и волјата за да уживате во страста. Во моментот кога останувавте сами како се друго на светот да запираше, само вашата ненаситност растеше.

Денес ни трага од почетната страс, ни глас од некогашните длабоки воздишки на задоволство.

Дали постои начин некако да ја подобрите ситуацијата во вашата врска?

Дајте си простор

Колку и да ви звучи неверојатно, но физичкото оддалечување со партнерот може да биде навистина продуктивно за вашата врска на која и се заканува монотоното отсуство на страст и возбуда.

Доколку се одлучите викендот да го поминете сами тоа не значи дека бегате од проблемите во врската или сакате да побарате утеха кај некој друг/а. Напротив, тоа би била идеална можност да си дозволите простор за освежување на чувствата.

Времето кое ќе го поминете одвоено ќе донесе нова искра во ноќта кога пак ќе се сретнете. Ќе имате нови искуства за прераскажувања и страст за поскоро да го надополните времето кое сте го пропуштиле.

Повторете ја почетната игра

Најдобар начин да ги откриете неговите поинакви особини, желби и навики, е да ја почнете играта на запознавање од почеток. Отидете на ручек во кинески ресторан, посете некое планинско место каде ќе скијате, заедно отидете на масажа…Почнете да се однесувате како да сте на почетокот на врската.

Како некогаш бидете наивно срамежлива девојка и почнете да ги истражувате неговите ерогени зони за да, до крајот на ноќта, се претворите во страсна лавица која не го пушта лесно својот плен.

Само ваша љубовна навика

Пред да преминете на акцијата во вашата спална соба, предложете му на партнерот да се напиете топол напиток во дневната и да ги споделите сите доживувања од денот без разлика дали сте го поминале заедно или разделени или смислете некој друг ритуал кој ќе ја потикне вашата страст. Можеби добра идеја е да се договорите неколку пати во неделата наизменично да се изненадувате со готвено јадење или целовечерна организација за добар филм.

Кога оваа само ваша љубовна навика ќе ве зближи, почетната страст веќе ќе пристигне на прагот од вашата спалнa.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement