Ако и вие се мачите да го исфрлите бившиот од подсвеста, да знаете дека не сте единствени. Едно истражување кое го спроведе сајтот Dream Cloud покажува дека поголемиот број од Американците почесто го сонуваат бившиот отколку сегашниот партнер.
Исто така, никој од нив не е спремен на сегашниот партнер да му раскаже за изневерувањето во соништата. Барем се надеваме дека никој од нив не зборува во сон, во спротивно ќе имаат многу за објаснување.
Но дали бившиот во вашиот сон е лош знак? Терапевтите тврдат дека е нормално да имате сексуални фантазии за други луѓе и дека тоа не значи дека сакате да го изневерите партнерот, туку дека сте способни да чувствувате нешто и спрема други луѓе.
Сонови со бившиот можат да значат дека и понатака чувствувате нешто кон него и тоа морате да го решите, но иако тој премногу често ве посетува во сонот не значи дека сегашната врска ви е осудена на пропаст, тврдат експертите. Можеби имате само грижа на совест поради тоа како сте ја завршиле врската, па во соновите пробувате тоа да го исправите.
Меѓутоа, овие сонови сепак може да значат дека сегашната врска не ги исполнува сите ваши потреби. Најдобар показател сепак е задоволството во моменталната врска. Ако ги разрешите тие работи нема повеќе да има дилеми и повремените посети на бившиот во сон нема да ви бидат воопшто страшни.
Во крајна линија, ако навистина сакате да знаете зошто го сонувате, ќе морате да ја разгледате својата врска со отворени очи.
Што се однесува до криењето на овие соништа од партнерот, ви препорачуваме да не откривате ништо доколку не постојат некои поголеми проблеми, на пример, ако поради овие соништа навистина размислувате да го изневерите партнерот во вистинскиот живот. Во секој случај, ако сте во кратка врска, подобро да не зборувате за ова, затоа што никој неможе да ви суди за овие соништа, а поготово некој што не ве ни познава доволно.
Во спротивно, ова можете да го споделите со партнерот доколку знаете дека нема да предизвика љубомора. Затоа што сепак, изневерување со бившиот е како тргнување на работа без облека, никој тоа не сака да го направи на јаве.

You must be logged in to post a comment Login